Реакција од таткото на Нејмар: Колку играчи треба да се повредат за да се забранат овие дуели?

Тешкиот пад и повредата на Фернандо Торес го потресе светот и предизвика бурни реакции. Фудбалерот на Атлетико настрада на гостувањето во Ла Коруња, кога во еден воздушен дуел со Алекс Бергантинос падна лошо на главата и во тешка состојба, со повреда на мозокот беше пренесен во болница.

До шпанскиот фудбалер испратени се илјадници пораки со поддршка, а до челниците на фудбалот реакции за опасноста од ваквите дуели и барања да се забранат вакви стартови.

Преку социјалните мрежи остро реагираше и таткото на Нејмар, кој преживеа слична ситуација со својот син на СП 2014. Бразилскиот фудбалер тогап настрада на дуелот против Колумбија и од ваков дуел завши со фрактура на лумбалниот прешлен што го оневозможи да игра на полуфиналето на СП против Германија.

„Ужасна сцена. Мојот син, како што знаете, исто така настрада во сличен дуел на Светското првенство во 2014 година, тоа беше страшен ден за мене. Ваквите дуели кога играчот користи прекумерна и несоодветна сила за да го одбранат голот, не се санкционираат од судиите, а можат да бидат многу опасни. За вакви дуели нема дури ни жолт картон. Се прашувам, уште колку играчи треба да се повредата за се сменат правиолата и ваквите дуели да се забранат во фудбалот? Се надевам дека Фернандо Торес брзо ќе се опорави“ – напиша таткото на Нејмар.

Се вчитува...