Реакцијата на Меси говори се (ВИДЕО)

Лионел Меси поради ситна повреда остана во Аргентина неколку дена подолго од планираното, па денеска се врати во Барселона и дуелот со Еибар го следеше од трибините на „Камп Ноу“.

Аргентинецот беше шокиран од она што го гледаше, а за неговото размислување најдобро говори снимката од самиот финиш, во која е забележливо колку е тој разочаран од тимот и од резултатите што се бележат сезонава.

Секој нов ваков меч е само причина плус Меси што поскоро да почне да ги пакува куферите и да избере во кој клуб ќе настапува од наредната сезона.

 

Се вчитува...