Реакцијата на Роналдо кога дозна дека не е најдобар фудбалер на Лигата на нации (ВИДЕО)

Португалецот Бернардо Силва е прогласен за најдобар фудбалер на Лигата на нациите по синоќешното финале меѓу Португалија и Холандија.

Португалците славеа, славеше и Бернардо но не и Роналдо кој, според видео снимките од синоќешната прослава, очекуваше да биде прогласен за најдобар фудбалер. Но, конечната одлука не беше согласно неговите очекувања…

Кристијано и Силва беа еден до друг кога официјалниот спикер соопшти дека најдобар е фудбалерот со број 10. Изразот на лицето на Роналдо веднаш се промени. Додека Силва добиваше честитки од соиграчите, Роналдо воопшто не му честита на фудбалерот на Манчестер сити…

Се вчитува...