Реал без неколку важни играчи на дуелот со Лајпциг

Реал Мадрид ќе биде сериозно ослабен за утрешното гостување од Лигата на Шампионите против Лајпциг откако беше обелоденето дека и Лука Модриќ нема да отпатува со шпанската експедиција на мечот во Германија. Карим Бензема исто така е повреден, а Карло Анчелоти нема да може да смета ниту на Феде Валверде и на Дани Себалјос.

„Лука Модриќ нема да игра на утрешниот меч од ЛШ против Лајпциг. Хрватот беше дел од списокот на патници на Карло Анчелоти, но во последен момент отпадна од комбинација“, објави Реал Мадрид преку официјално соопштение.

Неофицијално, не станува збор за сериозен проблем или повреда, туку „кралевите“ само сакаат да му дадат заслужен одмор на Модриќ во ситуација кога пласманот во нокаут фазата е веќе осигуран, на нецел месец го почетокот на СП во Катар.

Се вчитува...