Реал едвај победи со гол од пенал на првиот меч на Мурињо

Реал Мадрид едвај стигна до минимална победа од 1-0 над Алкоркон на првиот пријателски меч што „кралевите“ го играат летово под водство на новиот тренер Жозе Мурињо.

Мадридскиот тим беше без бројните суперѕвезди, најзвучни имиња во составот на Мурињо беа Камавинга, Хујсен, Мастантуоно и Ѓулер, а токму турскиот интернационалец промаши пенал по само две минути игра на овој натпревар што се играше во тренинг-центарот Валдебедас.

Реал продолжи да напаѓа, за на крајот да успее да стигне до победата со погодокот што од пенал го постигна 19-годишниот Јањез во 81.. минута.

„Кралевите“ во наредните две пријателски средби ќе се сретнат со Леганес на 28 јули и со калчолигашот Фиорентина на 1 август.

Се вчитува...