Реал го доби мега-дербито со Барселона во Евролигата

Реал Мадрид повеќе од заслужено со подобра игра славеше против Барселона со 86-76 во мега-дербито од 8. коло во кошаркарската Евролига.

„Кралевите“ фуриозно го почнаа мечот добивајќи ја првата четвртина со 32-14. Барселона врати во вториот период дури и за предност од 48-50 на полувремето. Но, кошаркарите на Реал Мадрид одиграа одлично второ полувреме преку кое сосема заслужено дојдоа до победата.

Најдобар во победничкиот тим беше Ентони Рендолф со 16 поени, а по 13 поени запишаа Кампацо и Дек. Во редовите на Барселона се издвои Никола Миротиќ со 19 поени и пет скока. Со 13 постигнати поени мечот го заврши Анте Томиќ.

Барселона го доживеа и вториот пораз сезонава во најквалитетното европско клупско натпреварување, додека Реал Мадрид стигна и до петтата победа.

Претходно, Макаби Тел Авив убедливо со 83-113 славеше на гостувањето против Басконија, додека Панатинаикос изненадувачки загуби од Алба Берлин на домашен терен во Атина, по продолжение со 105-106.

 

Се вчитува...