Реал го плати 115 милиони евра, а сега е пред преселба во Турција

Пред три години Еден Азар од Челси стигна во Реал Мадрид во трансфер вреден 115 милиони евра. Повредите и повеќето килограми го оддалечија од вистинската форма и првата екипа, а сега би можел да си замине и да направи изненадувачки трансфер.

За Азар заинтересиран е тимот на Галатасарај кој што сака да донесе големо засилување во своите редови. Азар оваа сезона одигра само 32 минути. Во минатата сезона настапи само 18 пати, и тоа во просек помалку од 40 минути на средба. Запиша само една асистенција.

Договорот на Азар со Реал е до крајот на следната сезона.

Се вчитува...