Кошаркарот на Басконија, Тимоти Луваву-Кабаро, е желба на многу тимови, а прва во редот беше Барселона, сè до кога Реал Мадрид ја презеде улогата на главен фаворит за неговите услуги.
Како што објавија шпанските медиуми, се очекува Мадрид многу наскоро да финализира сè во врска со кошаркарскиот крилен играч, а договорот наскоро ќе биде официјализиран.
Луваву во сезоната 2025/26 имаше просек од 18,3 поени, 3,4 скока и 1,9 асистенции за 25 минути по натпревар. Тој шутираше со 55% од поле за два поени, 41% од поле за три поени и 90% од линијата за слободни фрлања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
