Реал ја совлада Барселона за нова титула во шпанското првенство

Реал Мадрид ја освои рекордната 35 титула во шанското кошаркарско првенство, откако во финалната серија со 3-1 беше подобар од лутиот ривал Барселона. Во клучниот четврти натпревар „кралевите“ ги совладаа „каталонците“ нагости со 68-74.

Натпреварот беше тврд со одлична игра во одбраната на двата тима, но и многу промашени шутеви. Избраниците на Пабло Ласо беа посмирени во клучните моменти, што беше пресудно за победа на мечот и освојување на нова шампионска титула.

Најефикасни во таборот на Реал Мадрид беа Кампацо со 15 поени и Фернандез со 12, додека кај Барселона најрасположен беше Пангос со 16 поени.

За Реал Мадрид ова е четврта титула во последните пет години, а на трофејот единствено не се радуваа во 2017. во која Валенсија сензационално ја освои титулата.

Се вчитува...