Реал лесно со Гранада, следи „фото-финиш“ за титула во Ла Лига (ВИДЕО)

Реал Мадрид стигна до лесна победа од 1-4 против Гранада во 36. коло од Ла Лига, по која на две кола до крајот од шампионатот е на два бода од лидерот Атлетико Мадрид. Двата мадридски ривали сега ги чека „фото-финиш“ за освојување на титулата во шпанскиот шампионат.

Модриќ и Родриго со два гола во првото полувреме донесоа предност од 0-2 за Реал по кои беше познат победникот на дуелот.

Иако домашните успеаја да намалат со голот на Молина во 71. минута, на крај Одриозола во 75. минута и Бензема во 76. минута заокружија на 1-4.

Се вчитува...