Реал Мадрид без Анчелоти во Лондон?

Карло Анчелоти сеуште е позитивен на коронавирус и нема да патува во Лондон за дуелот со Челси во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, пренесуваат шпанските медиуми.

Како потсетување, италијанскиот стратег поради Ковид-19 не го предводеше својот тим на дуелот со Селта во шпанското првенство, но тоа не ги спречи „кралевите“ да стигнат до нови три бода.

Шесетидвегодишниот стратег ќе направи уште еден тест во среда наутро, а доколку на истиот биде негативен се јавува опција дополнително да се приклучи на тимот во главниот град на Англија.

Се вчитува...