Дебаклот од 5-2 против градскиот ривал Атлетико Мадрид не е единствената причина за грижа за Чаби Алонсо бидејќи дел од составот во следниот месец нема да биде капитенот Дани Карвахал кој заработи потешка поверда.
Карвахал во 59. минута мораше да биде заменет откако се пожали на повреда, а по деталните прегледи утврдено е дека станува збор за повреда на мускулот на десната нога.
Реал Мадрид во официјалното соопштение не наведе колку точно капитенот ќе отсуствува од теренот, но според шпанските медиуми го чека пауза од четири седмици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

