Реал Мадрид без проблеми против Партизан во Евролигата

Кошаркарите на актуелниот европски шампион Реал Мадрид стигна до нова победа во Евролигата откако вечерва полесно од очекуваното славеше на домашен терен против Партизан со убедливи 91-75.

Сите дилеми околу победникот домаќинот ги реши уште во првото полувреме кое го доби со двоцифрена предност 48-36. Во вториот дел „кралевите“ рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 91-75. Џанан Муса со 23 поени беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Бруно Кабокло заврши со 18 поени.

Во вториот меч од вечерната програма Валенсија на домашен терен славеше над Виртус Болоња со 79-71.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...