Реал Мадрид чудесно до втор триумф во финалната серија против Барселона

Кошаркарите на Реал Мадрид на чудесен начин стигнаа до втор триумф (2-0) во финалната серија од шпанскиот плејоф, совладувајќи ја Барселона со 81-80. „Кралевите“ имаа и 12 поени негатива (41-53), но Серхио Љуљ и Џејси Керол направија пресврт во финишот од дуелот. Сега серијата се сели на теренот на Барселона.

Тимот на Светислав Пешиќ го доби првиот период со 11-17, следните две четвртини беа неверојатно израмнети, а во завршницата Серхио Љуљ беше мирен од линијата за слободни фрлања, а Џејси Керол со тројка во последниот напад донесе триумф.

Томас Хуертел со 30 поени беше предводник во составот на Барселона, а кај Реал Мадрид поентерски се истакна Џејси Керол со 25 коша и победничкиот шут од линијата за тројка.

Се вчитува...