Реал Мадрид донесе бек од Бостон селтикс

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид ја засили својата надворешна линија со потпишување двегодишен договор со Макс Шулга. По една сезона помината во Бостон и неговите филијали во „Г“ лигата, 24-годишниот бек се враќа во Шпанија.

Украинецот (24) претходно живееше и тренираше во Шпанија, па затоа ќе има статус на домашен играч. Шулга поголемиот дел од минатата сезона го мина во тимот на Мејн Селтикс, каде што имаше просек од 15,7 поени, 6,7 асистенции и 4,4 скока.

Тој одигра и 11 натпревари за Бостон во НБА-лигата. Бекот, висок 1,93 метри, влезе во НБА како 57. избор на драфтот во 2025 година. Беше избран од Орландо, кој потоа го препрати во Бостон.

Иако е роден во Киев, Шулга се преселил во Шпанија на многу рана возраст, каде што тренирал во Торелодонес.

Се вчитува...