Реал Мадрид, како и речиси сите европски клубови, има сериозни финансиски проблеми. „Кралевите“ се во големи долгови, а со цел барем малку да ги ублажат економските последици предизвикани од пандемијата, тие презедоа одредени чекори што вклучуваа намалување на платите на фудбалерите.
Сличен план е направен и за следната година. Сепак, некои играчи нема да продолжат да го носат дресот на Реал во новата сезона, иако се обврзани на клубот со договор, бидејќи управата е подготвена да се откаже од нив поради големите плати што ги имаат.
„Марка“ пишува дека Реал Мадрид ќе мора да се ослободи од одредени договори што ги имаат играчите на овој тим поради кризата, па затоа се подготвени да ги пуштат играчите целосно бесплатно во текот на летото. Така, тие нема да бараат никаква компензација за потенцијалните трансфери на Герет Бејл, Марсело и Иско, бидејќи само со нивното заминување ќе имаат огромна заштеда на пари.
Овие три договори истекуваат во јуни 2022 година. Затоа Реал е подготвен да ги ослободи целосно бесплатно ова лето, а тие би заштедиле речиси 40 милиони евра годишно од платите на Марсело, Иско и Бејл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА