Реал Мадрид го губи трпението: Ултиматум за Рамос

Една од најголемите трансфер саги во 2021 година е заминувањето на легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос од „кралскиот“ клуб. Шпанскиот репрезентативец e на „Сантијаго Бернабеу“ од 2005 година, но неговиот договор истекува ова лето, разговорите за продолжување на соработката се во тек, но не ветуваат.

Како што пренесува шпанскиот новинар, Хозе Рамон де ла Морана, Реал Мадрид го губи трпението, а Серхио Рамос добил ултиматум според кој има 48 часа да одлучи дали сака да остане во Мадрид.

Преговорите траат со месеци, а како што пренесува Де ла Морена, Рамос никогаш не бил поблику од заминување од „Сантијаго Бернабеу“. За Шпанецот се заинтересирани неколку европски гиганти, меѓу кои се ПСЖ и Манчестер Јунајтед, клубови на кои финансиите не им се проблем за да го доведат одличниот дефанзивец.

 

Се вчитува...