Реал Мадрид го ’легна’ Леганес

Реал Мадрид го совлада Леганес на гости со 2-4 и повторно се врати на првото место на табелата во Примера со 71 бод, два повеќе од Барселона и еден одигран меч помалку од каталонскиот клуб. Иако „кралевите“ на овој меч беа без Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Тони Крос, кои воопшто не допатуваа на ова гостување, и без Карим Бензема кој остана на клупата за резерви, сепак, успеаја да ја остварат целта и да ги освојат бодовите.

За осум минути, во периодот од 15. до 23.минута, Реал Мадрид постигна три гола. Отвори Хамес Родригез, а потоа Алваро Мората стрелаше два пати во противничката мрежа. Но, и Леганес возврати со два гола. Габриел во 32.минута намали на 1-3, а Лусијано две минути подоцна постигна уште еден гол и Леганес се врати во мечот.

На почетокот на вториот дел, Мантовани си постигна автогол, тоа беше четврти за Реал Мадрид на овој меч, со кој и дефинитивно беше скршен отпорот на домаќинот.

All & Goals & Highlights – Leganés 2-4 Real… by footballtvvideos

Се вчитува...