Реал Мадрид го откачил Кристијано Роналдо

Јувентус сака да го задржи Кристијано Роналдо уште најмалку една година, но Португалецот станува исфрустриран поради слабите резултати во дресот на „старата дама“ и веќе дал инструкции неговиот агент Жорге Мендеш да почне да му бара нов клуб.

Прва опција за Мендеш била враќање на Роналдо назад во Реал Мадрид, но „супер-агентот“ бил непријатно изненаден откако експресно бил одбиен од страна на Флорентино Перез. Реал беше поврзуван како можна дестинација за Португалецот, но претседателот на „кралевите“ јасно ставил до знаење дека нема намера да вложува милионски суми во фудбалер кој веќе има 36 години.

Приоритет за Реал навистина е доведување на нов голгетер, но Флорентино планира да бира меѓу Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, во обид најмалку еден од овие двајца суперталенти да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ во текот на летово.

Се вчитува...