Реал Мадрид го пријавил Интер во ФИФА поради Модриќ

Реал Мадрид нема намера да го пушти Лука Модриќ во Интер без оглед на желбата на хрватскиот фудбалер и на неговите застапници. „Кралскиот клуб“ дури и го пријавил Интер во ФИФА за неприфатливо преговарање со играчот.

Флорентино Перез тврди дека Интер официјално до Реал нема изразено интерес за неговиот играч, ниту пак дошол со понуда за Модриќ, туку директно го контактирал хрватскиот репрезентативец. Зад грб и без знаење на Реал.

Тоа, според правилата на ФИФА, е неприфатливо и казниво. Односно, дозволено е само кога на играчот му преостанува помалку од една година од договорот со актуелниот клуб. Кај Модриќ тоа не е случај бидејќи неговиот договор со Реал е со важност до јули 2020 година.

Слична ситуација имаше и лани кога Атлетико Мадрид во ФИФА ја пријави Барселона бидејќи каталонците контактирале со Гризман на ист начин како Интер со Модриќ.

Се вчитува...