Европскиот првак Реал Мадрид и дефинитивно одлучи да го стави на трансфер – листа велшкиот интернационалец Герет Бејл. За него „кралскиот клуб“ во летниот преоден рок ќе бара отштета од 100 милиони евра. Бејл беше повреден во поголемиот тек од сезоната и не се наметна како лидер во составот на Сантијаго Солари оваа сезона.
Флорентино Перез по завршувањето на сезоната планира големо реновирање на тимот и се очекува на местото на Герет Бејл да биде доведен Еден Азар од Челси.
За Бејл сериозно е заинтересиран Манчестер Јунајтед кој би можел да го врати Велшанецот во Премиер – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА