Реал Мадрид го скрши отпорот на ЦСКА Москва, грчкото дерби за Олимпијакос

ЦСКА Москва повеќе не е непобедлива. Армејците навлегуваат во резултатска криза откако го забележаа третиот пораз во низа, овој пат од Реал Мадрид со 95-85 (23-24, 27-22, 24-24, 21-15). Речиси целиот натпревар мина во резултатски егал, но кралскиот клуб од престолнината на Шпанија успеа да го скрши отпорот на сино-црвената коњаница. ЦСКА успеа накратко да се врати, го презема и водството (67-68), но тоа не траеше долго. Во наредните две минути кралевите наталожија доволно поени предност за да ги доиграат преостанатите 10 минути со доза опуштена игра.

Мачулиус со 20 поени, потпомогнат од Љуљ со 17 и Ајон со 14 поени беа најзаслужни за победата на Реал Мадрид. Рендолф придодаде 11 поени. За ЦСКА Москва најрасположени беа Нандо де Коло со 18 поени и Теодосиќ со 13 поени.

Во грчкото дерби, Олимпијакос дури во вториот дел на натпреварот успеа да го совлада Панатинаикос. Иако уште на стартот домаќините го диктираа темпото на ирга, „зелените“ од Атина направија камбек во вториот период кој го добија со 21-26 и се заканија на резултатот. На полувреме се замина со само еден поен предност за Олимпијакос (38-37) кој во вториот период се искачи на плус осум за конечни 77-69. Папапетру со 13 поени и Спанулис со 12 беа најрасположени за игра. Двоцифрени беа уште и Бирх со 11 поени и Грин со 10 поени.

Се вчитува...