Реал Мадрид и ПСЖ во „битка“ за Џеко – Рома чека примамлива понуда

Фудбалскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Един Џеко, ги брои последните денови во Рома, по конфликтот што капитенот на „римската волчица“ го имаше со тренерот Фонсека, поради што од трибини го следеше последниот меч со Специја. Досега најголем интерес за него покажа ПСЖ, но во борбата за напаѓачот се вклучува и Реал Мадрид. Имено, „кралевите“ на Рома и нудат играч, плус пари. Станува збор за Маријано Дијаз, кој оваа сезона во Реал има одиграно само девет натпревари во сите натпреварувања.

Како опција се споменуваше и размена со Интер за Кристијан Ериксен, но оваа варијанта беше одбиена од страна на „нероаѕурите“, кои бараат нов голгетер, но не сакаат да се откажат од Данецот за да добијат напаѓач на залез на кариерата.

Покрај Реал Мадрид и ПСЖ, тивко се споменува и Јувентус како еден од заинтересираните тимови кои го сакаат Един за напаѓач во своите редови, па ќе биде интересно до крајот на јануари да видиме каква ќе биде судбината на капитенот на БиХ. Според пишувањата на водечките италијански медиуми, се чини дека останувањето во Рома е меѓу последните опции.

Се вчитува...