Реал Мадрид има план: Халанд нека се докаже во Манчестер Сити па ќе дојде на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид не отстапи од доведеување на Ерлинг Халанд, пренесуваат шпанските медиуми. Напротив шпанскиот гигант има план во 2024 година да ја активира откупната клаузула од 150 милиони евра и веќе докажаниот Новежанец да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“.

Дваесетиедногодишниот голгетер фантастичната форма од Молде и Салцбург ја пренесе и во герамнското првенство каде за Борусија Дортмунд постигна 84 гола на 88 настапи, но во Шпанија стравуваат дека сеуште не е подготвен за притисокот кој го носи настапот во „кралскиот дрес“.

Искуството кое ќе го стекне младиот напаѓач во силно првенство како Премиерлигата ќе има големо значење за иднината, а воедно ова нема да биде прв пат Реал Мадрид да купува докажани играчи од „Островот“. Тоа беше случај и во минатото со ангажманите на Мајкл Овен, Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо, Герет Бејл…

Се вчитува...