Реал Мадрид изедначи рекорд стар 94 години

Со вчерашната победа над Гетафе, Реал Мадрид стигна до скор од 11 победи и едно „реми“, а таков учинок имаше во далечната 1928/29. Тоа воедно беше најдобриот старт на екипата во историјата.

„Кралевите“ ја почнаа сезоната со трофеј, оној во Супер-Купот на Европа по победата над Ајнтрахт, а после тоа во шампионатот успеаја да победат над Алмерија, Селта, Еспањол, Бетис, Селтик, Мајорка, Лајпциг, Атлетико Мадрид, Шахтјор и Гетафе.

Единствен тим кој остана непоразен во дуелот со шампионот е Осасуна, која успеа да освои бод на гостување на „Сантијаго Бернабеу“.

Ова е одлична најава за престојнот Ел Класико следната недела во Мадрид.

Се вчитува...