Реал Мадрид ќе го награди Винисиус Џуниор со нов договор

Реал Мадрид ќе го награди херојот од финалето во Лигата на Шампионите, Винисиус Џуниор со нов договор, пренесуваат шпанските медиуми. Со истиот младиот Бразилец ќе добие годишна плата 10 милиони евра што ќе биде големо зголемување во однос на досегашните 3.5 милиони евра.

Останува да биде договорено уште траењето на истиот, односно дали ќе биде за следните четири или пет години, а тоа ќе биде познато во следните десет дена.

Винисиус Џуниор го засили Реал Мадрид од Фламенго во 2018 година во трансфер вреден 45 милиони евра, а претходната сезона се наметна како еден од најважните играчи во тимот со 21 постигнат гол и 20 асистенции во сите натпреварувања.

Се вчитува...