Реал Мадрид ќе урива рекорд: Еден Азар за 100 милиони фунти на „Сантијаго Бернабеу“

Европскиот клупски првак Реал Мадрид е решен да ја исполни желбата на тренерот Зинедин Зидан и ќе го доведе Белгиецот Еден Азар на „Сантијаго Бернабеу“ во супертрансфер вреден 100 милиони фунти. Со тоа Реал и Азар ќе го урнат рекордот на Манчестер јунајтед и на Пол Погба, а во Мадрид ќе пристигне нова ѕвезда во нападот.

Најавите се дека од Мадрид ќе си замине Алваро Мората, и тоа најверојатно во спротивна насока, на „Стемфорд бриџ“, со оглед дека тој е голема желба на Антонио Конте. „Кралевите“ ова лето треба да го продадат и Хамес Родригез, за кого интерес покажуваат Манчестер јунајтед, ПСЖ и Јувентус, па ќе се отворат финансии за ангажман на Еден Азар.

За очекување е „кралскиот клуб“ во текот на летниот преоден рок да доведе и класичен голгетер во своите редови, а на врвот на листата со желби се наоѓа Обамејанг од Борусија Дортмунд.

Се вчитува...