Реал Мадрид купува голман, Кепа Аризабалага доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“

Европскиот првак Реал Мадрид конечно ќе ја затвори повеќегодишната сага за купување на нов голман. По неколкуте обиди да го доведе Давид Де Хеа од Манчестер јунајтед, на крајот тренерот Зинедин Зидан и раководството на клубот се решија да го купат Кепа Аризабалага, младиот 23-годишен чувар на мрежата на Атлетик Билбао.

„Кралевите“ поради слабата форма на Кејлор Навас и на Кико Касилја решија да го доведат Кепа Аризабалага веќе во јануари. Ќе ја активираат неговата отштетна клаузула вредна 20 милиони евра и ќе го ангажираат голманот кој е дел и од шпанската фудбалска репрезентација.

Се вчитува...