Реал Мадрид му нуди нов договор на Рудигер

Реал Мадрид направи важен потег кон создавање состав за претстојната сезона.

По две години без трофеј, во Мадрид не одлучија да го намалат персоналот, па како што објави Фабрицио Романо, беше постигнат усмен договор со германскиот репрезентативец Антонио Рудигер.

Германецот пристигна во Реал во 2022 година и со клубот ги освои Лигата на шампионите, Ла Лига, Кралскиот куп, Шпанскиот суперкуп, Интерконтиненталниот куп и Светското клупско првенство, додека двапати го освои Европскиот суперкуп.

По изборите во клубот, Рудигер треба да потпише едногодишен договор кој ќе важи до јуни 2027 година.

Се вчитува...