Реал Мадрид на шопинг во Минхен

Реал Мадрид сака да го доведе капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих на „Сантијаго Бернабеу“, пренесуваат германските медиуми. Во 28-годишникот шпанскиот гигант гледа како големо засилување за средината на теренот од каде во следната сезона ќе заминат Тони Крос и Лука Модриќ.

Кимих кој оваа сезона ја превзема капитенската лента од Мануел Ноер е дел од баварците од 2015 година кога беше ангажиран за 8.5 милиони евра од Лајпциг. Оттогаш се наметна како еден од најдобрите играчи на својата позиција па интересот на Реал Мадрид воопшто не доаѓа како изненадување.

Неговиот договор со Баерн Минхен е до јуни 2025 година, а Реал Мадрид треба да пристигне следното лето. Трансфермаркт го проценува на 80 милиони евра.

Се вчитува...