Реал Мадрид не го сака Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо неславно ја заврши втората епизода во Манчестер Јунајтед. Тој се врати на „Олд Трафорд“ во август 2021 година, а и покрај тоа што беше најдобар стрелец во првата сезона, оваа сезона тој не доби шанса и беше „преселен“ на клупата за резерви од страна на Ерик тен Хаг.

Незадоволството Португалецот го изрази со заминување во соблекувалната пред крајот на мечот, кулминираше во интервјуто со Пирс Морган во кое ги нападна буквално сите кои некако се поврзани со клубот, а истото резултираше со отказ.

Тој е сега слободен да ја бира новата средина, а и покрај тоа што се појавија информации дека тоа ќе биде Реал Мадрид каде ќе го замени повредениот Карим Бензема, шпанските медиуми ги отфрлаат гласините велејќи дека гигантот од главниот град на Шпанија нема намера да го враќа 37-годишникот на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид е презадоволен од учинокот на Бензема, а Французинот ќе биде подготвен за вториот дел од сезоната. Како поверојатни опции продолжуваат да бидат Њукасл Јунајтед и Интер Мајами.

Се вчитува...