Реал Мадрид очигледно нема време за губење, „кралевите“ по освојувањето на Лигата на шампионите веднаш обезбедија потписи на најважните играчи, а потоа на ред дојдоа и засилувањата.
Антонио Ридигер е првото засилување, Германецот наскоро ќе биде официјализиран, а познато е дека ќе потпише договор до 2026 година.
Флорентино Перез денеска заврши работа со уште едно големо засилување, Орелеин Чуамени постигна договор со „кралевите“, а Монако ја прифати понудата на Реал Мадрид.
Мадриѓаните ќе платат дури 80 милиони евра, но и дополнителни бонуси, кои Монако не можеше да ги одбие. Чуамени веќе ги одби Ливерпул и ПСЖ, му се заблагодари на Килијан Мбапе за иницијативата да му се придружи во Париз, неговиот сон е да игра за Реал Мадрид и не сака да ја пропушти можноста.
Чуамени ќе има силна конкуренција во Реал, но и светла иднина, бидејќи наскоро ќе дојде време за смена на генерациите на позициите каде долго време царуваат Каземиро, Модриќ и Крос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА