Реал Мадрид немилосрден, го испрати Леванте во Втора лига

Леванте на нашиот Енис Барди не се прослави на гостувањето кај Реал Мадрид. „Кралевите“ и покрај тоа што веќе ја осовија шампионската титула немаа милост кон „фенерџијата“ па славеа со 5-0 со што го испратија тимот од Валенсија во Втората лига.

Македонскиот интернационалец доби шанса во 39. минута минута од мечот, но не успеа да му помогне на својот тим.

Голеадата на „Сантијаго Бернабеу“ ја започна Менди во 13. минута, а продолжи до полувремето со головите на Бензема, Родриго и Вини Џуниор. Мрежата на Леванте не мируваше ниту во второто полувреме бидејќи до крајот на мечот Винициус стигна и до хет-трик со голови во 68. и 83. минута.

На две кола пред крајот на овогодишното издание на Ла Лига, Леванте заостанува шест бода зад 17. пласираниот Кадиз, но има и полоша гол-разлика, како и полош однос во меѓусебните дуели.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...