Реал Мадрид потврди – Серхио Рамос заминува од „Сантијаго Бернабеу“

По 16 години Серхио Рамос ќе го напушти Реал Мадрид, потврдија од клубот. Утре на прес-конфереција „кралскиот клуб“ ќе се збогува од својот капитен.

Рамос на „Сантијаго Бернабеу“ стигна во 2005 година од редовите на Севилја. За клубот запиша 671 настап на кои постигна 101 гол, а беше дел и од освојување на четири титули во Лигата на шампионите.

Се уште не е познато каде Рамос ќе ја продолжи кариерата, а во игра се неколку клубови.

 

 

 

Се вчитува...