Реал Мадрид оваа недела ќе ги интензивира преговорите со Винисиус Жуниор во обид да постигне договор за продолжување на соработката.
Бразилецот бара нето плата од околу 30 милиони евра годишно, со што би се израмнил со Килијан Мбапе, а засега двете страни не успеваат да најдат заеднички јазик.
Дополнителна неизвесност носи и најавениот трансфер на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, за кого Реал е подготвен да плати околу 120 милиони евра. Иако Диоманде може да игра на слична позиција, токму овој трансфер дополнително го охрабрил Винисиус да остане цврст во своите финансиски барања.
Во меѓувреме, неговото име сè почесто се поврзува со Арсенал и Ливерпул, но високата отштета што ја бара Реал, заедно со големата плата на Бразилецот, значително ја отежнува можноста за трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
