Реал Мадрид повторно остана без Серхио Рамос

Серхио Рамос повторно ќе отсуствува од терените откако на тренингот на својот клуб, Шпанецот заработил повреда на големата писка според која со сигурност ќе го пропушти мечот против Селта во домашното првенство, а колкаво ќе биде неговото отсуство ќе биде познато во следниот период.

Капитенот на Реал Мадрид се врати на терените за натпреварот против Аталанта во Лигата на Шампионите, но се чини дека оваа одлука скапо ќе го чини „кралскиот“ клуб.

Како потсетување покрај Рамос, Зидан не може да смета ниту на услугите на Хазард, Карвахал, Маријано и Одриозола. Сепак добра вест за мадридскиот состав е тоа што следи репрезентативна пауза па повредените фудбалери нема да пропуштат дополнителни средби на домашната сцена.

 

Се вчитува...