Реал Мадрид праќа свој играч во Дортмунд, да го добие Белингем?

Одличниот играч од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем престојното лето речиси сигурно заминува од Германија. Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челси чекаат во редот за ангажман на англискиот репрезентативец, кој игра одлична сезона во дресот на „милионерите“.

Реал Мадрид се чини е најзагреан, а цената која Борусија ја бара за него изнесува 150 милиони евра. Сепак, Реал има друг план со кој ќе се обиде да го „намами“ тимот од Дортмунд да го пушти Белингем во Мадрид.

Според информациите од Шпанија, „кралевите“ се подготвени во Дортмунд да го пуштат Брахим Дијаз, за да го добијат потписот на Белингем. Дијаз во моментов игра за Милан како позајмен играч, а по завршувањето на сезоната ќе треба да се врати во Реал. Токму тој е планот на европскиот првак за да го земе еден од најдобрите играчи на денешницата во средниот ред. Сепак, прашање е дали Дијаз ќе сака да замине во Дортмунд, со оглед дека пред неколку недели најави дека би сакал да остане во Милан. Но, последниот збор ќе го има Реал.

Се вчитува...