Реал Мадрид пред 8 години го плати 75 милиони евра, а тој ќе навива против Реал во финалето на ЛШ

Реал Мадрид во финалето на Лигата на Шампионите на 28. мај ќе има шанса да стигне до 14. трофеј во најсилното фудбалско натпреварување на светот. За истото шпанскиот состав се очекува да има голема поддршка и на самиот стадион во Париз, но нема да ја има поддршката од својот поранешен играч Хамес Родригез.

Имено, 30-годишникот кој со Реал Мадрид освои два трофеја во Лигата на Шампионите вели дека ќе навива за Ливерпул, но не од освета за својот поранешен клуб, туку како поддршка за својот сонардоник Луиз Дијаз.

„Ќе навивам за Ливерпул. Сакам Ливерпул да победи за мојот сонародник Луиз Дијаз. Некои од моите поранешни соиграчи играат во Реал Мадрид и знам колку е опасен Реал во ваквите натпреварувања и финалните натпревари. Го сакам Реал, но сакам Лучо да го подигне трофејот на крајот“, изјави Колумбиецот.

Хамес Родригез го засили Реал Мадрид во 2014 година во трансфер вреден 75 милиони евра од редовите на Монако, а на „Сантијаго Бернабеу“ остана до 2017 година по што следеше позајмица во Баерн Минхен.

Се вчитува...