Реал Мадрид сака да го ’украде’ Сандро Рамирез, пред да потпише за Евертон?

Европскиот клупски првак Реал Мадрид ги следи настапите на Сандро Рамирез, на Европското првенство за селекции до 21 година што се одржува во Полска, открива „Марка“. Тој е поранешен фудбалер на Барселона, кој изминатиот период го носеше дресот на Малага, и минатата сезона постигна 14 гола на 28 натпревари во Примера. Сандро е блиску до потпис со премиерлигашот Евертон, но „кралскиот клуб“ би можел да се вмеша во трката за овој напаѓач во последен момент.

Покрај Сандро, скаутите на Реал Мадрид ги следат и голманот на шпанската репрезентација, Кепа Аризабалага, играчот за врска Маркос Љоренте и Дани Себалос од Бетис. Секако, од поодамна е познато дека „кралевите“ се заинтересирани и за Џанлуиџи Донарума, голманот на италијанскиот национален тим.

Во минатото, по настапите на ЕП до 21 година, Реал Мадрид ги купуваше Ројстон Дренте во 2007 година, Месут Озил и Сами Кедира во 2009 година, и Асиер Илјараменди и Иско во 2013 година.

Се вчитува...