Реал Мадрид официјално го потврди ангажманот на американскиот центар Демијан Џонс, кој потпиша договор со „кралскиот клуб“ до јуни 2027 година.
31-годишниот кошаркар во Мадрид пристигнува со деветгодишно НБА искуство, во кое одигра 293 натпревари. Најголем успех оствари со Голден Стејт Вориорс, со кој освои две шампионски титули, во 2017 и 2018 година.
Џонс во НБА настапуваше и за Атланта, Сакраменто, Феникс, Лос Анџелес Лејкерс, Јута и Кливленд, а во кариерата во најсилната лига во светот просечно бележеше 4,9 поени и 3,1 скок по натпревар.
Во Реал Мадрид доаѓа од порториканскиот Бајамон, со кој ја освои шампионската титула. Минатата сезона таму имаше просек од 13 поени, 5,7 скокови и 2,5 блокади по натпревар.
Неговото доаѓање треба да биде големо засилување за центарската позиција на Реал, особено во дефанзивата и заштитата на обрачот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
