Реал Мадрид се засили со плејмејкер од Њујорк никс

Реал Мадрид доведе кошаркар од НБА-лигата кој треба да претставува замена за повредениот Серхио Љуљ. Плејмејкерот на Њујорк никс, Чејсон Рендл потпиша договор со „кралевите“ до крајот на оваа сезона.

Американецот веќе ја почувствувал европската кошарка, по четири години во НЦАА лигата, Рендл една сезона играше за чешкиот тим Нимбурк, со кој настапуваше и во ФИБА Еврокупот со просек од 12 поени по натпревар.

Минатата сезона одигра скроми 8 натпревари за франшизата на Филаделфија, а потоа беше трејдуван во „никси“ каде настапи на 18 натпревари. Ова лето го напушти тимот на Њујорк поради трејдот на Кармело Ентони во Оклахома, а своите квалитети сега ќе ги покажува во Евролигата и шпанското првенство.

Се вчитува...