Реал Мадрид со понуда за Луис Скола

Поранешниот европски првак Реал Мадрид е во преговори за да го доведе во своите редови Луис Скола. Аргентинскиот ветеран во последните години настапува во Кина, но по последните извонредни настапи на СП 2019 тој стана актуелен и за еден од најголемите европски клубови.

„Кралевите“ уште пред пет години се обидуваа да го доведат Скола, но тој тогаш ги одби со образложение дека не сака да игра за друг шпански клуб освен за Басконија, тим чии бои ги бранеше во периодот од 1998 до 2007 година. Сепак, адут на Реал Мадрид сега е фактот што Пабло Ласо во својот тим има тројца Аргентинци: Кампацо, Дек и Лапровитола, што е „мамец“ до Скола.

Искусниот 39-годишен ветеран најави дека сака да игра за репрезентацијата и на ОИ во Токио, па можно е да прифати да настапува крај поголем број на репрезентативни колеги како увертира за своето последно големо натпреварување.

Се вчитува...