Реал Мадрид со понудата го разочара Килијан Мбапе

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе и неговите претставници биле незадоволни од последната понуда на Реал, пренесуваат шпанските медиуми.

Според шпанскиот медиуми, Реал понудил 180 милиони евра за трансферот, 40 милиони евра за годишна плата и 50 отсто од маркетиншките права, а  понудата стигнала кога ПСЖ биле елиминирани од Лигата на шампионите токму од „кралевите“.

Тие понатаму истакнуваат дека претседателот на Реал, Флорентино Перез, од Мбапе бара половина од парите кои фудбалерот ги заработил преку спонзорства, откако ќе потпише за шпанскиот великан. Ова не му одговара на Мбапе, па 23-годишниот фудбалер размислува да го продолжи договорот со ПСЖ.

Се вчитува...