После два меча без победа во Ла Лига, и елиминација од Лигата на шампионите, Реал Мадрид се врати на победничките патеки. „Кралевите“ на свој терен лесно се справија со Алавес и го совладаа со 2-1.
Првата посериозна шанса практично значеше и реализација на Мбапе. Прими додавање од Гулер, шутираше, а имаше и среќа затоа што топката на патот кон голот закачи еден од гостинските играчи, и заврши во мрежата.
Mbappé but pourri à la Cr7 prend le large pour le pichichi devant MURIQI 🔥🔥🔥🔥🔥🔥
Quelle saison pour le Real Madrid 🔥 pic.twitter.com/VlobpeimHK— Loguito Fcb (@Loguito6) April 21, 2026
Две минути подоцна Мбапе имаше можност за 2-0, меѓутоа голманот Сивера успеа да одбрани. Милитао во 44. минута ја затресе пречката, а потоа мораше да го напушти теренот поради повреда. Во финишот од првиот дел Алавез имаше шанса преку Мартинез, кој не успеа да го совлада одличниот Лунин.
Се играше 50. минута кога Валверде додаде до Винисиус, кој одлично шутираше од 25 метри, и донесе 2-0. Мартинез со прекрасен гол со петица само успеа да намали во третата минута од судиското надополнување.
Реал со ова ја намали разликата од Барселона на шест бодови, но и натаму е далеку од титулата, затоа што нивниот ривал има и меч помалку. Барса утре игра против Селта на „Камп Ноу“.
VINICIUS JR WHAT A GOAL! 🤯 pic.twitter.com/a6SRbUG2lI
— TC (@totalcristiano) April 21, 2026
Во вториот меч, Џирона и Бетис одиграа одличен меч кој заврши со 2-3 победа на гостите од Севиља. Циганков донесе предност за Џирона, Рока израмни, а Езалзули направи пресврт. Сепак, Џирона не се предаде и преку Оунахи од пенал успеа да израмни, но во 80. минута Рикелме одново се погрижи за водство на Бетис и за конечен триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
