Реал Мадрид ја претстави и втората комбинација на дресови за сезоната 2026/27, па така „кралскиот клуб“ дел од своите гостински натпревари ќе ги игра во опрема со зелена боја.
„Ова е темно зелена опрема со бели детали на дресот, враќање на комбинација на бои што беа користени во минатото. Дресот не е со обичен дизајн, туку на него се вметнати и суптилни детали… Се надеваме дека овој дрес ќе ни донесе големи успеси, веќе може да го најдете на официјалната веб-страница на Реал или на веб-страницата на Адидас“, се вели во објавата на Реал.
Основната верзија на овој дрес чини 100 евра, да се додаде логото на Лигата на Шампионите е дополнителен трошок од 15 евра, а логото на Ла Лига чини 10 евра.
Ако сакате дресот да биде со број и име на некој фудбалер на Реал, цената скокнува за дополнителни 25 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
