Реал му дава нов договор на Милитао со повисока плата

Реал Мадрид работи на нов договор на стоперот Едер Милитао. Според најавите, новиот договор на Милитао ќе биде со повисока плата, со оглед дека Бразилецот е еден од играчите кои најмалку заработуваат во таборот на европскиот првак.

Во следниот период двете страни ќе седнат и ќе разговараат за деталите. Со тоа клубот ќе му покаже дека има доверба, со оглед дека Милитао стана прв избор по заминувањето на Серхио Рамос и Рафаел Варан на почетокот на сезоната.

Милитао исто така е среќен во Мадрид, и се очекува да потпише договор со важност во следните шест години.

Се вчитува...