Реал не го искористи ремито на Атлетико и Барса: „Кралевите“ се спасија од пораз во 94. минута (ВИДЕО)

Залудно Барселона и Атлетико Мадрид одиграа натпревар без голови, кога Реал Мадрид не знаеше да го искористи тоа во трката за титулата, само ремизирајќи 2-2 со Севилја о 35. коло од Ла Лига.

„Кралевите“ можеби ја пропуштија клучната шанса да дојдат до трофејот откако дозволија да испуштат два бода, дури и да се спасуваат од пораз во последните секунди од средбата. Еден Азар ги спаси домашните од пораз со голот во 94. минута.

Претходно, гостите резултатот го отворија со погодокот на Фернандо во 22. минута.

Реал израмни со голот на Асенсио во вториот дел, но Ракитиќ од пенал во 78. минута ја донесе победата за Севилја.

Севилја, по овие три бода, се донесе во ситуација и да се надева за шампионската круна.

 

Се вчитува...