Реал пак преполовен: Модриќ и Крос не играат со Кадиз

Реал Мадрид по ремито со Хетафе го очекува ново гостување во Ла Лига на кое е голем фаворит, овојпат против екипата на Кадиз. Сепак, Зинедин Зидан не може да крене глава од проблеми, па така преполовениот состав значително ги намалува и шансите за триумф на Реал на овој меч.

На листата на повредени за вечерашната пресметка се најде и Лука Модриќ, откако Хрватот заработи незгодна повреда на грбот на вчерашниот тренинг на „кралевите“. Покрај него, во тимот ќе го нема ниту Тони Крос, кој не настапи и на дуелот со Хетафе, како и Феде Валверде, кој е позитивен на коронавирус. Покрај овие фудбалери повредени се и Азар, Рамос, Васкез и Менди.

Добра вест за Зидан е враќањето на десниот бек Карвахал, како и камбекот по суспензијата на Кашемиро, кој ќе има значајна улога во средниот ред крај Иско.

Се вчитува...