Реал по тренерот, сега зема и клучен играч на Валенсија

Реал Мадрид сериозно ќе ја ослабе Валенсија летово, „кралевите“ веќе го договорија доаѓањето на новиот тренер Педро Мартинез на местото на Скариоло, а последните информации говорат дека сега ќе доведат и важен кошаркар од играчкиот кадар на големиот ривал.

Станува збор за Хаиме Прадилја, шпанскиот крилен центар кој имаше одлична сезона во дресот на „портокаловите“ и беше избран за најдобар шшански кошаркар во Ендеса-лигата.

Прадилја имаше договор со Валенсија до 2028 година, но во него имаше и клаузула од 1,5 милиони евра што Реал Мадрид е подготвен да ја плати исто како што тоа беше случај и со тренерот Мартинез.

Високиот кошаркар веќе ги договорил и личните услови и ќе потпише договор со „кралскиот клуб“ до 2031 година, за уште еден удар за тимот на Валенсија.

Само за потсетување, новиот шпански првак веќе остане без Монтеро, Бадио, Ки и Де Лареа, а најавено е заминување на уште неколку кошаркари од оваа фантастична сезона на Валенсија.

Се вчитува...