Реал подготвува спектакуларна замена за Винисиус Жуниор

Во Реал Мадрид веќе ги подготвуваат своите чекори за следниот преоден рок. Она што е сигурно е дека Реал Мадрид ќе продаде една своја голема ѕвезда во 2026 година – Винисиус Жуниор.

Наводно, тоа треба да биде нов светски рекорд кога станува збор за трансфери, но челниците на Реал Мадрид нема да застанат тука. Веќе активно бараат играч кој ќе дојде како директна замена за Бразилецот.

Тимот скаути од Реал Мадрид го идентификуваше младиот фудбалер на Јувентус, Кенан Јилдиз како идеален играч кој треба да го замени Бразилецот во нивниот тим. Она што е проблем за Флорентино Перез и неговите соработници е фактот дека Реал Мадрид нема да биде единствениот клуб што ќе се обиде да го доведе. И Барселона, исто така го сака истиот фудбалер, а има и неколку други европски гиганти како што е Манчестер Јунајтед кои ќе се приклучат во борбата за потписот на играчот на Јувентус.

20-годишниот Јилдиз е еден од најголемите таленти во Серија А, а како што пишува „Дефенса Централ“, Реал Мадрид го сака што е можно поскоро. „Кралевите“ го гледаат како долгорочно решение за нападот на својот тим, особено затоа што Винисиус Жуниор сака да си замине следното лето.

Јувентус, од друга страна, прави сè за да ја заштити својата млада ѕвезда, и се подготвува да го продолжи неговиот договор до 2030 година. Челниците на тимот од Торино се подготвени да му понудат огромно зголемување на платата за да остане во клубот.

По своето деби за Јувентус, Јилдиз одигра 92 натпревари за сениорскиот тим, постигнувајќи 18 гола дополнети и со 15 асистенции.

Се вчитува...